X
 27.02.2023 Култура

Серии на „Нетфликс“ што треба да ги гледате

Силната страна на „Нетфликс“ е тоа што ниту една друга стриминг-платформа не може да го достигне и по големина и по глобален досег.

„Нетфликс“ нуди голем број нови содржини, вклучувајќи и серии и филмови кои ги обновува секоја недела. Во продолжение ви нудиме неколку мини-серии што вреди да ги изгледате во еден здив.

„The Law According to Lidia Poet“ (6 епизоди)



Серија што ја прикажува приказната за првата италијанска адвокатка. Дејството е сместено во Торино во 19 век.

„Physical 100“ (9 епизоди)



Корејска серија која моментално е една од најгледаните на „Нетфликс“, а во неа натпреварувачите се натпреваруваат во различни предизвици за пари.

„Red Rose“ (8 епизоди)



Хорор-серија за тинејџери кои презеле апликација од интернет која од нив бара акции со смртоносни последици.

„Women at War“ (8 епизоди)



Серија која следи четири жени кои се соочуваат со последиците од Првата светска војна.

„The Playlist“ (6 епизоди)



Серија што го објаснува драматичното воздигнување на „Спотифај“.

„Spycraft“ (8 епизоди)



Документарец кој покажува како тајните агенти си ја вршат работата користејќи сет на вештини и алатки.

„1899“ (8 епизоди)




Иако „Нетфликс“ го откажа снимањето на втората сезона, оваа серија вреди да се гледа. Серијата прикажува имигрантски брод од Европа кој плови за Њујорк, а на него се случуваат мистериозни настани.

Извор: Bgr.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура