X
 27.02.2024 Образование

Промовирана опрема за виртуелна реалност на УКЛО - основа на Центар за виртуелнo инженерство

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на УКЛО, денеска се одржа промоција на новата опрема за виртуелна реалност, прва купола за виртуелна реалност на поширокиот балкански простор.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, од име на раководството на Универзитетот истакна дека опремата за виртуелна реалност инсталирана на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола ќе овозможи нова димензија во наставата и истражувачката работа на УКЛО.

1

Опремата во вредност од стотина илјади евра вклучува повеќе компоненти: компјутери, дронови, сензори, но секако најатрактивна и уникатна е куполата за виртуелна реалност, која на средношколците и студентите може да им понуди поквалитетна обука и поквалитетна настава преку користење на технологиите на виртуелна реалност. Ректорот Неделковски извести дека основа на функционирање на Центарот за виртуелнo инженерство - ЦВИ е опремата што е обезбедена од Ректоратот на УКЛО, како придобивка од проектот SOLVE, финансиран од Европската Унија.

2

Претходно на редовни седници Управата и Сенатот на УКЛО донесоа Одлука за основање Универзитетски центар за виртуелнo инженерство - ЦВИ, со седиште на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Деканот на факултетот, проф. д-р Благој Ристевски, со задоволство истакнува дека куполите претставуваат извонредна платформа за едукативни презентации на различни теми, воедно ќе се користат и за ангажирање на студентите во интерактивни искуства за учење, за симулациски тренинг и други напредни мултисензорни искуства. 
Дарко Пајковски, еден од помладите асистенти на ФИКТ, посочува дека ЦВИ може да се користи за презентации на различни проекти и апликации кои се еднакво интересни и за студентите и за средношколците. Засега на располагање се содржини од производителот, но во иднина намерата е да се посветат на сопствена продукција, видеа изработени од студенти насочени кон истражување и работа со вакви содржини, кои се особено привлечни за младите луѓе и може да ја поттикнат желбата за упис на ФИКТ и на УКЛО, како места на кои се применуваат нови и модерни апликативни можности.

4


6

Особено привлечна и интересна за посетителите и идните корисници е можноста за прикажување филмови и видеа од 360 степени за извонредно доживување. Куполата, која има големи апликативни можности, покрај во редовната настава и истражувањата ќе се користи и во активностите на Алијансата КОЛОРС и ќе помогне во трасирањето позитивни промени каква што е впрочем и прва купола за виртуелна реалност.

uklo

На свечениот настан покрај членовите на Универзитетскиот сенат и Управата и вработени на ФИКТ, присуствуваа средношколци со нивни професори од средните училишта од Битола, претставници на ИТ-компании и други официјaлни лица од општествениот живот во регионот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование