X
 27.03.2026 Технологија

Лекција од 10 милијарди долари: Како пропадна „Метаверзумот“?

Во 2021 година кога „Мета“ помпезно го претстави „Хоризонт ворлд“, платформата ѝ беше агресивно наметнувана на јавноста како неизбежна иднина на интернетот. Ветуваа бескрајно виртуелно игралиште во кое работата, забавата и општествениот живот ќе се спојат во рамките на виртуелната реалност. Меѓутоа, за оние што размислуваат критички, уште од првиот ден беше јасно дека станува збор за нешто сосема друго - високотехнолошка алатка за целосна општествена доминација, чија вредност беше напумпана со агресивен маркетинг, а не со вистинска привлечност.

Денес, пет години подоцна, паднаа маските. „Мета“ тивко се повлекува. По десетици милијарди залудно потрошени долари, бескрајни маркетинг-кампањи и грандиозни најави, „Хоризонт ворлдс“ останува само скап потсетник на една сурова деловна лекција - ниту една компанија, без разлика колку е богата или влијателна, не може сосила да ги натера луѓето да прифатат платформа која не решава ниту една вистинска потреба.

Парите можат да купат врвна технологија, но очигледно не можат да го купат вистинскиот ангажман на корисниците.

„Мета“, всушност, целосно го напушти понатамошниот развој на „Хоризонт ворлдс“ за виртуелна реалност. Иако платформата технички ќе остане достапна на нивните уреди за виртуелна реалност, нови игри и содржини повеќе нема да има. Наместо тоа, компанијата ја пренасочува својата енергија кон развој на мобилни уреди. Со други зборови: визијата за виртуелна реалност на „Хоризонт ворлдс“ е мртва.

Извор: Mob.hr 
Фото: Wikipedia 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија