X
 27.04.2018 Образование

УКИМ со концерт на студенти и Пеце Суперхикс ги отвoра вратите за средношколците

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во сабота (5. мај) од 10 до 17 часот ќе ги отвори вратите за сите средношколци што сакаат да се запознаат со наставните програми и сѐ што нуди најстариот универзитет во земјава.




Централниот настан ќе се одржи во кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите.
- Посетителите ќе имаат можност непосредно низ разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција. На изложбените простори ќе има разновидни презентации – велат од УКИМ.

Предвидена е и голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност, Breakdown band со Пеце Суперхикс и диџеј на големиот паркинг во кампусот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование