X
 27.04.2022 Забава

Оваа компанија ќе ви плати 500 долари за вашите фотографии од патувањата

Доколку сметате дека сте добар фотограф, а имате планирано и патување во блиска иднина, сега постои лесен начин да добиете дополнителни пари.

Компанијата „Аутфорија“ бара некој што ќе обезбеди прекрасни пејзажни фотографии за нејзината веб-локација и каналите на социјалните мрежи. Она што треба да го направите е да испратите неколку од вашите најдобри фотографии.

Ќе можете да работите од каде било во светот и да работите онолку часови колку што сакате. За возврат ќе ви бидат платени 500 долари, а ќе добиете и ротациона камера во вредност од 429 долари.

Она што треба да го направите е да доставите една од вашите омилени фотографии од некое патување, ТУКА.
Крајниот датум за пријавување е 29 април 2022 година.

Извор: Yahoo.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава