Доколку ви е потребен „Мајкрософт офис“ за работа, училиште или лични проекти, но немате пари за претплата, постојат неколку начини да го користите целосно бесплатно и целосно легално. Иако постојат некои ограничувања, за повеќето корисници овие решенија се повеќе од доволни.
Користење на „Мајкрософт 365“ преку „Office.com“
Најлесниот и најпрактичен начин да го користите пакетот бесплатно е преку „office.com“. Потребно е само да имате сметка на „Мајкрософт“.
По најавувањето, добивате пристап до веб-верзии на апликации како што се „Ворд“, „Ексел“, „Пауер-поинт“ , „Листс“, „Копилот“, па дури и „Мајкрософт тимс“. Сите апликации работат директно во прелистувачот и не е потребна инсталација.
Единствената мана е што користењето е поврзано со интернет бидејќи не можете да ги користите овие апликации додека сте офлајн. Исто така, добивате 5 ГБ простор во „Уан драјв“, што е доволно ако не чувате премногу стари датотеки.
Чекори за користење:
-Отворете го „Office.com“ во кој било прелистувач.
-Кликнете „Најави се“ (Sign in) и најавете се со сметка на „Мајкрософт“ (или креирајте нова).
Откако ќе се најавите, кликнете „Креирај“ (Create) и изберете апликација (на пр., „Ворд“ или „Ексел“) за да отворите и да започнете да работите на нов документ.

Користење на мобилната апликација „Мајкрософт 365“
Доколку ви е потребен „Офис“ во движење, можете бесплатно да ја користите мобилната апликација „Мајкрософт 365“ за „Андроид“ и „иОС“. Таа овозможува креирање, уредување и потпишување документи во „Ворд“, „Ексел“ и „Пауер-поинт“, како и работа со ПДФ датотеки.
Сè што треба е да ја инсталирате апликацијата од „Гугл плеј“ или „Ап стор“ и да се најавите со сметка на „Мајкрософт“. Идеална е за брзи промени на документи кога немате пристап до компјутер.
„Мајкрософт 365 едукација“ за ученици и наставници
Доколку сте ученик или наставник со валидна е-адреса на училиштето, имате право на целосната верзија на „Мајкрософт 365“ бесплатно преку програмата „Офис 365 едукација“. Тие вклучуваат „Ворд“, „Ексел“, „Пауер-поинт“, „Уан-ноут“, „Копилот“ и „Тимс“, како и дополнителни алатки за наставници.
За да се регистрирате, посетете ја страницата на „Мајкрософт едукација“ и внесете ја вашата е-пошта на училиштето. Доколку системот ја одбие вашата регистрација, контактирајте го ИТ-одделот на училиштето за помош. За повеќето корисници, овие бесплатни верзии нудат сè што им е потребно за основна работа и основните функции што им се потребни, без разлика дали работите од дома, учите или само повремено работите на документи. Доколку не ви пречи да работите во интернет-средина и живеете со неколку ограничувања, ова е идеално решение без трошоци.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik