X
 27.08.2019 Образование

Поблиску до УКЛО: Ветеринарен факултет - Битола

Ветеринарниот факултет – Битола ја има благорoдната мисија да едуцира стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина, да понуди професионално ориентирани програми и истовремено да одржува висок квалитет на содржината на наставните програми. На оваа единица на УКЛО сите капацитети и ресурси се во насока на тоа студентите да стекнат знаења со кои ќе можат поуспешно да одговорат на предизвиците и барањата на современото сточарство во Европа и пошироко во светот од областа на ветеринарната медицина. Докторите по ветеринарна медицина денес во вкупното современо сточарство имаат сè поголемо значење од аспект на:

1

Следење на здравјето на животните;

Добивање здрава и квалитетна храна;

Примена на превентивни мерки во производството на здрава храна, која ќе ги следи потребите на нашето стопанство;

Постојана присутност на докторите по ветеринарна медицина на фармите

Кои се нашите перформанси:

2

• Акредитирана високообразовна институција;

• Имплементиран – ЕКТС;

• Библиотека;

• Развивање меѓународна соработка и ангажирање визитинг-професори од странство;

• Компјутерски центар;

• Можности за учество во меѓународни научноистражувачки проекти;

• Меѓународна размена на студенти;

• Практична работа со студенти;

•Можности за учество на студентите во меѓународни летни школи, ветеринијади и др.

3

4

Зошто е добро да студирате кај нас:


Во согласност со актуелните реформи во целокупниот воспитно-образовен систем во нашата држава, Ветеринарниот факултет во Битола пристапува кон новиот концепт на додипломски студии на идните доктори по ветеринарна медицина. Наставниот план и програма се приспособени на европскиот систем на образование (ЕКТС), на универзитетското образование од областа на ветеринарната медицина.

5

6

• Новиот концепт на студирање ѝ придава поголемо значење на практичната настава;

• Се пристапува кон воведување аспекти на истражувања и развој, како и иновирање на процесот на работа;

• Флексибилност: кредитен систем, можности за напредување во областа на ветеринарната медицина;

• Набљудување, водење и помагање на студентот;

• Припрема за перманентно усовршување,

• Партнерски однос и соработка со корисниците на услугите.

8

8

Ветеринарниот факултет во Битола е една од помладите единици во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Пред стартот на уписите ги потсетуваме заинтересираните да ја посетат нашата веб-страница ТУКА и да не заборават дека во рамките на заложбата за поддршка на идните студентите се обезбедени 10 уписнини за нови бруцоши и, воедно, Ветеринарниот факултет презема активности за реализирање и на други видови поддршка и поттик на студентите.

10

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование