X
 27.08.2020 Култура

Актери што имале чест да го глумат Никола Тесла во филмови и серии

И додека Србите и Хрватите се расправаат чиј е Тесла, третиот користи, односно Американците, кои продолжуваат да снимаат филмови за него. Во нив во половина реченица го споменуваат неговото потекло, но на некој начин си го присвојуваат затоа што пронајдоците ги открил на американска почва. Во последниот филм во кој го гледаме познатиот научник, Итан Хоук го игра Тесла.
Во новото остварување на режисерот Мајкл Алмерејд, Итан Хоук го глуми Тесла како да станува збор за некој хипстерски музичар за кој не сте слушнале, за кој има малку информации и гугл-пребарувања, за разлика од Едисон, кој е популарен лик, ги полни стадионите и арените, а реално краде песни. Кајл Меклахан го глуми Едисон. Режисерот се надева дека преку овој филм пошироката публика ќе научи некои работи за животот на Тесла што претходно не ги знаела. Сепак, филмот и не е нешто, па слободно можете да го прескокнете, но инспирира да се потсетиме на некои од претходните филмови каде што Тесла се појавувал како лик.

Дејвид Боуви, „Престиж“




Веројатно најдобриот филм во кој се појавува Тесла, во режија на Кристофер Нолан. Станува збор за двајца илузионисти кои ги глумат Кристијан Бејл и Хју Џекман, а се натпреваруваат кој подобро ќе го измами народот. Во еден момент Џекман го посетува Тесла за да ја види неговата машина за телепортација, за која, за жал, немаме реална потврда дека постоела.

Џон С. Рајли, „Пијана историја“



Ако не сте запознаени со оваа хумористична серија, насловот кажува сѐ. Нараторот е пијан и зборува за некои историски случувања кои покрај толкава количина алкохол не мора да бидат точни. Така, Едисон е опишан како крал на струјата, но и идиот кој ја користи струјата за да ги испраќа кравите на електрошокови, додека Тесла ја користи струјата за луѓето да бидат среќни. И да, сакал гулаби.

Пол О'Нил - „Никола Тесла и крајот на светот“




Не толку позната серија, но прилично смешна и признаена меѓу критичарите. Серијата раскажува за физичарка која ги проучува пронајдоците на Тесла и го носи Тесла во 21 век преку патување низ времето.

Горан Вишниќ - „Доктор Ху“




Во 12. сезона од оваа култна серија хрватскиот актер го глуми Тесла и тоа во епизода каде што докторката и Никола се изолирани од масата и се далеку од дома.

Николас Хоулт, „Војна за струја“



Филмот „Војна за струја“ ја раскажува војната меѓу Томас Едисон (Бенедикт Камбербач) и Џорџ Вестингхаус (Мајкл Шенон) во која победник ќе биде оној чиј систем на електрична енергија ќе го движи современиот свет. Третиот играч во приказната е Никола Тесла.

Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура