X
 27.09.2021 Култура

Германското гратче Митенвалд е галерија на отворено

На самиот југ на Германија се наоѓа градот Митенвалд кој, според многумина, е најубавиот град на баварските Алпи.

Неговите стари камени улици нудат прекрасен поглед кон острите врвови на Алпите, па затоа е тешко да се одлучите во која насока ќе гледате - кон прекрасните насликани улици или кон височините.

Најпрепознатливиот симбол на овој град е црквата „Свети Петар и Павле“ со розова кула. Ваква црква нема на ниедно друго место во светот, но можете да ја видите во овој дел од Германија. Голем број згради се украсени со разни бои, слики и декорации, поради што улиците изгледаат како галерија на отворено.

1
Фото: Instagram

Оваа форма на улична уметност има посебно име и се нарекува луфтмалереи. Станува збор за еден вид мурал каков што често ќе сретнете во руралните делови на Јужна Германија и Австрија, на кои се прикажани светци, библиски сцени и класични мотиви од секојдневниот живот на село. Некои од цртежите се стари и по 250 години.

Митенвалд е познат и како место каде што се прават виолини, виоли и виолончела. Сѐ почнало со семејството Клоц во 17 век, кое дошло од Италија и своите вештини за изработка на инструменти им ги пренело на другите семејства.

1
Фото: Instagram

Се проценува дека 9 од 10 виолини направени до 1900 година ѝ припаѓале на класата „Штајнер“, виолини кои ги правело семејството Клоц и неговите ученици.

Во средината на 19 век баварските власти основале училиште во кое се правеле виолини за да се продолжат оваа прекрасна традиција. Во спомен на ова, на градските улици се наоѓа скулптура на виолина потпрена на два камења.

Во 30-тите години на минатиот век ова место стана популарно меѓу туристите. Затоа, не заборавајте да го посетите Музејот за виолина кога поминувате.

3
Фото: Instagram

За сите што сакаат пешачење, може да одат на планинарење на Алпите од Митенвалд, а добрата вест е дека има и жичница што ќе ве одведе горе. За само 10 минути ќе ве подигне од 913 на 2.244 метри надморска височина.

4
Фото: Instagram

На врвот ќе ве пречека еден од највисоките информативни центри во Германија, каде што можете да научите нешто плус за природата и околината, или можете да го искористите телескопот и да го погледнете градот од друг агол.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура