X
 27.10.2021 Култура

Најдобрите филмови базирани на вистински приказни

Иако во многу филмови се појавуваат привлечни и вистинити дејства и секвенции, филмовите базирани на реалниот живот се исклучително напнати и мотивирачки за гледање. Не само што можете постојано да се потсетувате дека она што го гледате на екранот навистина некој го доживеал, туку можете да најдете радост во учењето од една волшебна мотивирачка приказна.

Ви пренесуваме преглед на 10 дефинитивно најинспиративни филмови базирани на вистински ликови и настани.

10. „Потрага по среќа“

Базиран на вистинската приказна за Крис Гарднер, татко на Кристофер Џуниор, кој на почеток е бездомник и без покрив над главата, а подоцна станува брокер.



9. „Говорот на кралот“

По смртта на неговиот татко, кралот Џорџ V и скандалозната абдикација на кралот Едвард VIII, Берти, кој пати од тешка говорна маана целиот свој живот, одеднаш е крунисан како кралот Џорџ VI од Англија. Бидејќи неговата земја е на работ на војна и има очајна потреба од лидер, неговата сопруга Елизабет одлучува нејзиниот маж да оди на терапија кај логопедот Лајонел Лоџ. По еден тежок почеток, тие двајцата создаваат еден необичен тек на третманот и на крајот оформуваат прекрасно пријателство.



8. „Реј“

Базиран на животот на познатата музичка легенда Реј Чарлс.



7. „Шиндлеровата листа“

Биографски филм од 1993 година, режиран од Стивен Спилберг по сценариото на Стивен Цајлијан, кој ја раскажува приказната за Оскар Шиндлер, германски стопанственик кој спасил повеќе од илјада полски Евреи за време на холокаустот.



6. „Хотел Руанда“

Кога воените сили на Хуту започнуваат кампања за етничко чистење против малцинствата Тутси во Руанда, сопственикот на хотелот Пол Русабагина се бори да ги заштити бегалците Тутси и неговата сопруга.



5. „Пијанист“

Адаптација на автобиографијата на Владислав Шпилман, „Пијанист“ го следи гламурозниот еврејски музичар кој е принуден да замине во варшавското гето.



4. „127 часа“

Џејмс Франко го глуми планинарот Арон Ралстон во оваа трогателна приказна за авантурист кој се наоѓа заробен под огромна карпа во период од пет дена.



3. „Авијатичарот“

Леонардо ди Каприо глуми во оваа наградена биографија посветена на ликот и животот на режисерот и авијатичар Хауард Хјуз, во периодот од доцните 20-ти до средината на 40-тите.



2. „Милк“

Американски биографски филм заснован на животот на политичарот Харви Милк, кој се борел за правата на хомосексуалците.



1. „Аполо 13“

Базиран на мисијата „Аполо 13“ од 1970 година, филмот на Рон Хауард ја следи приказната на тројцата астронаути кои очајно се трудат да го вратат својот брод во орбитата на Земјата.



Извор: Svijetkulture.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура