X
 30.03.2021 Технологија

Зад кулисите на „Бостон дајнемикс“ - компанијата што произведува роботи

„Бостон дајнемикс“ е компанија за роботика која со децении работи на создавање роботи кои може да се движат. Оттаму повремено објавуваат видеа од нивните роботи како трчаат, скокаат или танцуваат.

Си-би-ес неодамна успеа да влезе во погоните на компанијата за да види како тече процесот на создавање на овие машини.

Во компанијата работат околу 200 инженери. Основачот на компанијата, Марк Рејбертс, веќе 40 години е фокусиран на создавање машини кои може самостојно да стојат и да се движат.

„Бостон дајнемикс“ развива повеќе модели, од кои некои се за истражувачки цели, а други се продаваат, како роботското куче „Спот“ кое чини околу 75.000 долари.

Репортажата на Си-би-ес од просториите на „Бостон дајнемикс“ е дадена во продолжение.


Извор: cbsnews.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија