X
 27.11.2025 Забава

Мапа што ги прикажува најпознатите личности во Европа: Кој е најпознатиот Македонец?

На која личност помислувате кога ќе се споменат Германија, Италија или Австрија? Многумина без сомнение ќе се сетат на најпознатите личности од тие земји, најчесто луѓе кои оставиле силен белег и печат врз историјата, културата и општеството. Тоа би можело да биде истакнат политичар кој ја оформил нацијата, легендарен спортист што ги поместил човечките граници или генијален уметник чие дело станало дел од светското културно наследство.

На социјалните мрежи се појави мапа на Европа на која е прикажана најпознатата личност од секоја држава. Така, Италија ја „претставува“ Леонардо да Винчи, Шпанија ја претставува Христофор Колумбо, а Португалија, се разбира, Кристијано Роналдо. На картата се појавуваат и политички фигури како Адолф Хитлер за Германија, Володимир Зеленски за Украина, Владимир Путин за Русија…

Кога станува збор за Македонија, кога ќе се спомене името на нашата земја, луѓето веднаш помислуваат на Александар Македонски.

Most Famous Person in European Countries!
byu/Redstream28 inMapPorn
Извор: Vecernji.hr
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава