X
 27.12.2018 Култура

Ејч-би-о ја подарува првата епизода од серијата „Успех“ на македонскиот сценарист Марјан Алчевски

Advertisement
За првата регионална HBO Europe серија - „Успех“ се зборува со месеци, а сега првата епизода е достапна на официјалниот Ејч-би-о Македонија јутјуб-канал! Иако премиерата е закажана за 6 јануари, Ејч-би-о одлучи да придонесе кон веселото празнично расположение и да ги израдува со претпремиера сите што со нетрпение ја очекуваат серијата.

Епизодата ќе биде достапна ограничен временски период и затоа побрзајте и гледајте ја веднаш! Сите други епизоди ќе може да ги погледнете од 6 јануари на Ејч-би-о го. На Ејч-би-о премиерата е на 6 јануари во 20 часот, а нови епизоди ќе се емитуваат во истиот термин секоја недела.



Серијата ќе биде достапна за гледање истиот ден во сите земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на натпреварот HBO Adria First Draft, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ.

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг (HBO Europe), надзорна продуцентка е Ема Тарнер (HBO Europe), продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Europe), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“).

„Успех“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе што не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да ѝ помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела почнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прв поглед е повеќе загрепска серија, „Успех“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тони Гојановиќ, Тара Талер, Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу и Марија Шкаричиќ.

Во останатите улоги настапуваат: Горан Богдан, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Леон Лучев, Борут Веселко, Јасна Жалица, Мислав Чавајда, Никша Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукуљица, Дијана Видушин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија Качан, Дора Перојевиќ и многу други.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура