X
 28.02.2019 Живот

Барате добра серија? Еве што гледа Бил Гејтс

Неделава, во разговор на „Редит“, Бил Гејтс на љубопитните корисници на оваа социјална мрежа им ги откри своите омилени серии. Голем дел од нив се изненадија од изборот на Гејтс, особено затоа што во некои од нив има доста насилство.

Во друштво на сопругата Мелинда, Гејтс ја гледа „Силициумска долина“, „Ова сме ние“ и „Милион мали работи“. Заедно со синот ја гледа „Американците“, а кога е сам, изборот паѓа на „Наркоси“.

Меѓу неговите омилени серии се „Милијарди“, „Лажи ме мене“, „Петочни светла“ и „Американски вандал“, а „Црно огледало“ е една од неговите најомилени серии затоа што ужива да гледа сатири за технологија.

- Постојат многу одлични серии што луѓето постојано ми ги предлагаат, но не можам да најдам време да ги гледам сите - напишал Гејтс на „Редит“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот