X
 28.03.2022 Култура

Ова се победниците на 94. издание на „Оскарите“

„Кода“ е прогласен за најдобар филм за оваа година на церемонијата на доделување на „Оскарите“, која и оваа година не помина без скандал и инцидент - Вил Смит и Крис Рок имаа необична конфронтација.

Драмата на „Епл ТВ“ стана првиот филм од стриминг-платформа што освои награда. Станува збор за римејк на францускиот филм „Семејството Белје“, фокусиран на единствениот член на едно глуво семејство кој може да слуша.

Вил Смит го имаше највиралниот момент со Крис Рок, откако комичарот се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит велејќи дека со нетрпение го очекува филмот „Џи-ај Џејн 2“. На Пинкет Смит, која минатата година откри дека има алопеција, воопшто не ѝ се допадна шегата, а не му беше смешно и на Смит, кој излезе на сцена и му удри шлаканица на Рок.



Подоцна, кога ја доби наградата за најдобар актер, Смит се извини поради неговото однесување.

- Сакам да ѝ се извинам на Академијата, сакам да им се извинам на моите номинирани колеги... уметноста го имитира животот. Изгледам како лудиот татко, исто како што велеа за Ричард Вилијамс, но љубовта те тера да правиш луди работи - изјави тој.

Подолу е листа со категории и номинации.

Најдобар филм


„Белфаст“
„Кода“ - ПОБЕДНИК
„Не гледај нагоре“
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“
„Алејата на кошмарот“
„Моќта на кучето“
„Приказна од западната страна“

Најдобра актерка во споредна улога

Џеси Бакли, „Изгубената ќерка“
Аријана де Бозе, „Приказна од западната страна“ - ПОБЕДНИК
Џуди Денч, „Белфаст“
Кирстен Данст, „Моќта на кучето“
Онџану Елис, „Кралот Ричард“

Најдобар актер во споредна улога

Киран Хајндс, „Белфаст“
Трој Котсур, „Кода“ - ПОБЕДНИК
Џеси Племонс, „Моќта на кучето“
Џ.К.Симонс, „Да се биде Рикардо“
Коди Смит-Мекфи, „Моќта на кучето“

Најдобар странски филм

„Вози го мојот автомобил“ - ПОБЕДНИК
„Бегство“
„Божјата рака“
„Лунана: Јак во училницата“
„Најлошата личност на светот“

Најдобар анимиран филм

„Енканто“
- ПОБЕДНИК
„Бегство“
„Лука“
„Мишел наспроти машините“
„Раја и последниот змеј“

Најдобра песна


„Be alive“ од „Кралот Ричард“
„Dos Oruguitas oд “„Енканто“
„Down to joy“ од „Белфаст“
„No Time To Die“ од „Нема време за умирање“ - ПОБЕДНИК
„Somehow You Do“ од „Четири добри дена“

Најдобро адаптирано сценарио

„Кода“ - ПОБЕДНИК
„Вози го мојот автомобил“
„Дина“
„Изгубената ќерка“
„Моќта на кучето“

Најдобро оригинално сценарио

„Белфаст“ - ПОБЕДНИК

„Не гледај нагоре“
„Кралот Ричард“
„Ликориш пица“

Најдобар актер во главна улога


Хавиер Бардем, „Да се биде Рикардо“
Бенедикт Камбербач, „Моќта на кучето“
Ендрју Гарфилд, „Тик, тик...бум!“
Вил Смит, „Кралот Ричард“ - ПОБЕДНИК
Дензел Вашингтон, „Трагедијата на Магбет“

Најдобра актерка во главна улога

Џесика Честејн, „Очите на Тами Феј“ -  ПОБЕДНИК

Оливија Колман, „Изгубената ќерка“
Пенелоп Круз, „Паралелни мајки“
Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“
Кристен Стујарт, „Спенсер“

Најдобар режисер

Кенет Брана, „Белфаст“
Рјусуке Хамагучи, „Вози го мојот автомобил“
Пол Томас Андерсон, „Ликориш пица“
Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“ -  ПОБЕДНИК
Стивен Спилберг, „Приказна од западната страна“

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: CNN
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура