X
 28.04.2018 Живот

За што најмногу жали Бил Гејтс

Бил Гејтс го напушти „Харвард“ во 1975 година, но тоа не е нешто за кое најмногу жали. Тој откри дека требало повеќе да се забавува и помалку да учи.

- Многу пропуштив. Никогаш не отидов на фудбалски или на кошаркарски натпревар или на каков било спортски настан што се случуваше на „Харвард“ - истакна 62-годишниот Гејтс.

На прашањето што е тоа за кое жали, што го направил или не го направил, тој одговори дека посакува повеќе да се социјализирал. Гејтс раскажа како Стив Балмер, поранешен извршен директор на „Мајкрософт“, го терал Гејтс да излезат во „Фокс клуб“, социјална група на „Харвард“ слична на братство.

- Толку бев антисоцијален што не знаев ни дека постојат, но Стив Балмер реши дека ми треба некаква изложеност, претпоставувам на пиење. Па, одев на тие настани и тоа беше многу едукативно - објасни Гејтс.

Балмер бил на „Харвард“ во ист период кога студирал Гејтс, но тој повеќе се социјализирал, бил член на „Фокс клуб“, менаџер на фудбалски тим и пишувал за две изданија на кампусот.

- Посакувам да запознаев повеќе луѓе. Јас сакав само да бидам добар на предавањата и одев на многу предавања - истакна Гејтс.

Гејтс не е единствената ултрауспешна личност што вели дека новите искуства и луѓе би биле покорисни од учењето.
 
- Посакувам да знаев дека на колеџ е помалку важно да се фокусираш на она што сакаш да бидеш и дека е поважно да се фокусираш на она што сакаш да го научиш преку искуство - неодамна изјави Ејми Бохутински, оперативен директор на „Zillow“ и додаде дека се потребни љубопитност, отвореност и повремен неуспех за да се создадат најдобрите можности.

Колегите не се единствените луѓе што се среќаваат на колеџ. Авторката Лаура Вандеркам, која студирала на „Принстон“, вели дека посакува да се поврзела со професорите, дипломираните и говорниците.

- Самото тоа што си студент е голема можност за поврзување. Луѓето речиси секогаш сакаат да одговорат на забелешки од студенти и да се сретнат со студенти на начин на кој не би се сретнале со нормални возрасни луѓе. Посакувам да бев поактивна во воспоставувањето контакти со луѓето што сакав да ги сретнам, а го посетуваа мојот универзитет или оделе таму, или имале некаква друга врска - рече Вандеркам.

Студирањето, исто така, отвора можност за среќавање луѓе со различно потекло и различни ставови.

- Посакувам малку повеќе да се мешав меѓу луѓе. Сепак, тоа беше забавен период бидејќи имаше луѓе со кои можеше да зборуваш 24 часа на ден и предавањата беа многу интересни - истакна Гејтс.

Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот