X
 28.05.2025 Технологија

Нов (роботски) рекорд за местење Рубикова коцка

Од категоријата здодевни рекорди: студенти по инженерство од Универзитетот „Пердју“ развија робот наречен „Пурдубикова коцка“ кој постави нов Гинисов рекорд за најбрз решавач на Рубикова коцка. Роботот ја „реши коцката“ за 0,103 секунди, што е речиси трипати побрзо од претходниот рекорд од 0,305 секунди поставен од инженери од Јапонија во 2024 година.

- Техничкиот систем користи машински вид за препознавање бои, приспособени алгоритми оптимизирани за време на извршување и индустриска опрема за контрола на движењето од „Колморген“. Секое движење се извршува со прецизно наместени профили на движење за максимална ефикасност - велат студентите.

Со оглед на тоа што човечкото трепкање трае 200-300 милисекунди, роботот ја завршува задачата пред човечкото око да може да го регистрира почетокот на движењето.

Системот користи блутут-конекција, која им овозможува на корисниците да ја мешаат коцката во реално време, додека роботот го мапира секое движење и ја решава коцката штом мешањето ќе заврши.


Патем, најбрзиот рекордер е Сјуани Генг од Кина, кој минатиот месец постави време од 3,05 секунди (да, постои светска табла и www.worldcubeassociation.org).

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија