X
 28.11.2018 Образование

Два златни и еден сребрен медал за ученици од ПСУ „Јахја Кемал“ на „Инова“ во Загреб

Со два златни и еден сребрен медал се вратија ученици од ПСУ „Јахја Кемал“ од манифестацијата „Инова“, која ја организира Здружението на хрватските иноватори во Загреб. Учениците на ова училиште го завиорија македонското знаме меѓу учесници од: Тајван, Малезија, Полска, Романија, Тајланд, Кореја, Иран, Индонезија, Велика Британија, Русија и други земји.


Учениците што работеа под менторство на професорката Сабире Алкин настапија со три проекти. Димитар Димески и Ајшесена Теккојун освоија златен медал во категоријата биохемија, а проектот им беше фокусиран на користењето антибактериски етерични масла како безопасни антибиотици.

Давид Гошевски и Јана Мајнова освоија златен медал во категоријата биологија, како и најдобар изум во козметиката. Тие подготвија маст за оштетена кожа.
Креативна постелнина во собата е проектот со кој учениците Деа Рајхл и Умит Узунбој освоија сребрен медал во категоријата хемија.
Натпреварот се одржа од 14 до 17 ноември под мотото „Биди пример“.

 
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование