X
 28.11.2020 Живот

Оптичка илузија ја трансформира улицата во Монтреал во брановидни песочни дини

Во „Војна на ѕвездите“ Оби-Ван Кеноби еднаш рече: „Очите можат да те измамат, не верувај им“. И се чини дека тоа го докажува и уметничкото дело „Подвижни дини“ создадено од канадската архитектонска фирма НОС.

Дините ја менуваат перспективата на гледачот на таков начин што формираат пат имитирајќи модели што би ги виделе во пустина. Огромните сфери на хром додаваат на илузорниот ефект и резултатот е апсолутно привлечен за умот.

Според НОС, уметничкото дело е оптичка илузија во срцето на центарот на Монтреал што ги спојува реалното и виртуелното. Илузијата била создадена како дел од изложбата во 2008 година во Музејот за ликовна уметност во Монтреал под наслов „Од Африка до Америка: лице в лице со Пикасо, минатото и сегашноста“.

2

3

4

radijacija

Извор: Bored Panda
Фото: Raphaël Thibodeau
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот