X
 28.12.2020 Образование

Децата со нетипичен развој од „Св. Наум Охридски“ во Скопје онлајн снимија божиќна песна

Петнаесет- и шеснаесетгодишни ученици од државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје снимија божиќна песна со помош на Илче Младеновски, професор по музичка култура. Тие се потрудиле да обработат песна изведена на „Златно славејче“ во 1993 година.

- Учениците имаат попреченост во психички и/или физички развој. Со директорката Дивна Видиниќ разговараме за тоа како да направиме честитка за Божиќ за училиштата од Франција, Финска, Латвија, Чешка, Италија. Тоа беше поводот, а идејата да се направи песна снимена онлајн беше моја - раскажува Младеновски.



Децата испратиле видеа на кои дома пеат на веќе поставената матрица од професорот, а тој потоа во студио ги обработил и ги склопил вокалите.



- Мими Спасовска го постави пеењето и учествува во песната помагајќи им на децата, а и мене. Искрено, со ова сакаме да пратиме порака до јавноста дека сите сме посебни, единствени и поседуваме сопствени дарби. Ова се деца полни со љубов, знаат бескрајно да сакаат и се најискрени на светот. Ние сме среќни и горди на сработеното - вели професорот.
Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование