X
 29.01.2019 Образование

Отворен конкурсот за стипендии за школување во меѓународната гимназија „НОВА“

Аплицирањето почна вчера (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019

Меѓународната гимназија „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почна вчера (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019, а се одвива преку интернет-страницата на „НОВА“ www.nova.edu.mk каде што е поставена електронска апликација која заинтересираните ученици треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по петнаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија што го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.



Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, додека останатите ученици кои ќе се пласираат во вториот круг можат да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.

Oсвен што ќе добијат целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија десет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на факултетите во Европа и во САД.

- Веруваме во квалитетот на новите генерации и нивната подготвеност да бидат дел од средината која ги охрабрува младите луѓе да се спознаат себеси и другите - велат од меѓународното училиште „НОВА“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование