X
 29.03.2015 Живот

За шегите и шегобијците - Иво Андриќ

Можеби, во себе, најмногу се плашат оние луѓе кои постојано изгледаат насмеани и ведри и оние кои постојано се шегуваат. На се` што доаѓа пред нивниот дух и нивните очи, тие веднаш одговараат со првата шега што ќе им падне на ум - првата асоцијација која, после нагонот на самоодбрана ќе ја „фатат во лет“.


Овие луѓе ставаат ваков заштитен ѕид, само за да не мора да се соочат со некој во реалноста, да мислат за него и да донесат некој заклучок за себе, па можеби и за другите.

Со текот на времето, ова преминува во навика и целосно се испревртува начинот на размислување и целиот човечки живот. Овој човек всушност не мисли и не живее, туку се` одложува за друг пат и со секој ден тој е се` повеќе должен на сите околу себе.

Се случува овие луѓе да станат познати по својата духовитост и своите шеги. Но, оној кој знае што се крие позади овие шеги, сето тоа и не му е толку смешно и интересно. Оваа тажна слава е прескапо платена бидејќи сите шеги на овој свет не вредат колку едно парче реален живот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот