X
 29.06.2019 Култура

Се предвидува оваа серија на „Нетфликс“ да ја надмине „Игра на троновите“

За помалку од два месеца од првото емитување на серијата „Луцифер“ на „Нетфликс“, се покажа дека е многу популарна меѓу гледачите. Имено, токму оваа серија веќе седма недела по ред го држи првото место на листата со серии изгледани „во еден здив“.

Благодарение на извештајот на „Тајм“ наречен „Бинџ репорт“, на гледачите им се овозможува да ги следат навиките на гледање на фановите, а последниот извештај вели дека луѓето се најзаинтересирани за серијата „Луцифер“. Серијата седум недели по ред е на врвот на листата, со што стана најгледана заедно со „Игра на троновите“. Доколку се задржи на првото место уште една недела, може да постави нов рекорд.
На второ место се најде серијата на „Марвел“ - „Џесика Џонс“, а потоа следуваат „Тринкетс“, „Пријатели“ и „Темно“. Иако базата на податоци на „Тајм“ нема увид во целосната публика на „Нетфликс“, таа овозможува следење на навиките на повеќето и докажува дека гледачите на „Луцифер“ се многубројни. Серијата минатата година ѝ припаѓала на „Фокс“, но откако се откажале од неа, ја презеде „Нетфликс“. Моментално има четири сезони, а креаторите најавија дека ќе има уште една сезона, која ќе биде последна.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура