X
 30.01.2020 Образование

НАкС: Презедовме правни чекори, министерот Адеми нѐ изманипулира

Независниот академски синдикат (НАкС) веќе презел правни чекори и поднел пријави и претставки до пет надлежни институции за упадот на ректорите на јавните универзитети и Министерството за образование и наука во синдикалното здружување во дејноста високо образование. Пријави и претставки се поднесени до Државниот трудов инспекторат, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител, Државниот просветен инспекторат и до Министерството за труд и социјална политика.

- Се формираат контролирани синдикати од страна на работодавците, со што на најгруб начин, од позиција на сила, се дезавуира, омаловажува и порекнува постоењето и работењето на двата веќе постојни синдикати кои се регистрирани и работат повеќе години, НАкС и СОНК. Ваквиот упад, со лажна изјава дека нема друг начин за да се исплати ветеното покачување од 10%, го сметаме за континуирано спроведување на политиката за понижување на академската заедница. Дополнително, вчерашната изјава на министерот Адеми - дека имало потреба од формирањето на новите „синдикати“ поради тоа што немало репрезентативен синдикат на двата најстари универзитети, покрај тоа што е неточна, целосно ги потврдува манипулациите на ректорите на УКИМ и на УКЛО и грубо и целосно ги отфрла нашите укажувања и барања и нѐ наведува на заклучок дека деновиве од страна на министерот Адеми бевме изложени на низа игри и манипулации под закрила на некаков „искрен“ дијалог и преговори - соопштуваат од НАкС.

Од пресот на НАкС по состанокот со Адеми во МОН

Тие ги повикаа надлежните да не потпишуваат решение за впишување на незаконито формираните синдикати на УКИМ и УКЛО во Регистарот на синдикати.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование