X
 30.06.2018 Технологија

Сакавте да дознаете која Дизниева принцеза сте? Тешко вас...

Колку чини да дознаете која Дизниева принцеза сте или што сте биле во претходниот живот? Многу повеќе отколку што мислите. Не станува збор за само неколку кликови. Станува збор за вашата приватност и онлајн-идентитет.

Германскиот креатор на фејсбук-квизови, компанијата „Соушал Свитхартс“, објави дека преку нејзините апликации биле компромитирани повеќе од 120 милиони профили, но дека не е познато дали имало трета страна што ги злоупотребила корисничките податоци.

Квизовите собирале лични податоци за корисниците, како листите на пријатели и фотографиите, односно видеозаписите, и потоа ги прикажувале во JavaScript фајл, кој лесно можел да биде преземен од хакери.

По сѐ изгледа „Фејсбук“ едноставно е небезбедна платформа бидејќи по скандалот со „Кембриџ аналитика“ од „Фејсбук“ истакнаа дека ќе го испитаат секое можно протекување на податоци од кој било вид, по што се испитани голем број апликации, а 200 беа означени како ризични и беа отстранети од платформата. Меѓу тие апликации не е спорната „NameTests“, преку која се правеле тестови на споменатата германска компанија.

Фото: Pixabay

Можеби ова е изолиран и навистина несреќен случај и податоците на корисниците не се злоупотребени, но сознанието дека некој поседува податоци од повеќе од 120 милиони корисници и до нив дошол на илегален начин, не влева доверба ниту во квизовите ниту во „Фејсбук“.

Затоа е добро да не ги отворате тестовите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија