Франција е шокирана од нападот на една студентка во Париз. На 22-годишната Мари Лагер ѝ биле упатени неколку навредливи коментари со сексуални конотации, а кога возвратила, била нападната.
Таа за локалното радио раскажала дека минатиот вторник, некој маж започнал да ѝ дофрла непристојни коментари.
-Не беше првпат, ни тој ден, ни тој месец. Сето тоа полека се собираше во мене. Се налутив и му реков да замолчи. Не сакав да слушне, но слушна - раскажува таа.
Фото: Youtube/Printscreen
-Тогаш мажот стана агресивен, зеде пепелник од масата и фрли да ме удри во главата. За среќа не ме погоди - додава таа.
Откако го фрли пепелникот, мажот ѝ се приближил и ја удрил.
-Знаев дека ќе ме удри. Можев да побегнам, но тоа не доаѓаше во предвид. Не сакав да го спуштам погледот и не планирав да се извинам - вели таа.
Мажот ја удрил и продолжил да ѝ вика. Тогаш гостите од кафулето станале и тргнале кон него, а тој започнал да бега. Девојката тргнала да си оди дома, но се предомислила. Се вратила во кафулето и побарала од гостите да бидат сведоци во полиција бидејќи одлучила да го пријави. Гостите прифатиле, а од кафулето ѝ ја дале снимката од нападот.
Мари ја објави снимката на нејзиниот фејсбук-профил истакнувајќи го насилството и како тоа ги погодува сите жени, така што време е да се каже стоп.
Француската влада веќе ја разгледува новата мерка што вклучува плаќање казна за престап на лице место.
-Првите казни ќе можат да бидат дадени оваа есен - изјави министерката Марлен Шлапа.
Престапниците ќе мораат да платат од 90 до 750 евра, а таа мерка е дел од пакетот што треба да биде усвоен во францускиот парламент оваа недела.