X
 30.08.2021 Култура

Лидија Димковска и Владан Кречковиќ наградени на 60. Струшки вечери на поезијата

Поетесата Лидија Димковска е добитник на годинашната награда „Браќа Миладиновци“ на 60. Струшките вечери на поезијата. Димковска беше наградена за збирката „Гранична состојба“, додека наградата „Мостови на Струга“ му беше врачена на српскиот поет Владан Кречковиќ за збирката „Париз-Тексас“.

Лауреатката, добитничка на „Златниот венец“, британската поетеса Керол Ен Дафи, поради пандемијата не присуствуваше на годинашното издание на фестивалот, меѓутоа, го најави своето присуство за следната година. 

- Зад нас е уште едно издание на Струшките вечери на поезија во вонредни, пандемски околности. Се надевам дека ова е последен пат да се реализира во вакви околности. Сметам дека со оглед на целата ситуација, можеме да бидеме задоволни од изданието затоа што, за разлика од лани, успеавме да донесеме петнаесетина странски поети, кои имаа настап, помал дел од нив се претставија преку видеочитања, секако, домашните поети беа претставени во живо. Освен препознатливите програмски содржини, имавме меморијално чествување на доајените на македонската поезија Богомил Ѓузел и Анте Поповски, а во рамките на програмата на СВП беше промовирано и специјалното, монографско издание со избор од поезијата и кратката проза на Блаже Конески - рече директорот Тодорче Тасевски. 

фото: Струшки вечери на поезијата


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура