Од денешна гледна точка, првата деценија од 20 век може да изгледа како уште подалечен период од историјата отколку што навистина е.
Кабареата, чајџилниците и другите главни елементи на убавата епоха/Belle Époque“ (период од француската и европската историја кој започнал по завршувањето на Француско-пруската војна во 1871 година и продолжил до избувнувањето на Првата светска војна во 1914 година) биле многу активни. За оние што живееле во таа ера сигурно било доволно лесно да поверуваат дека тој стил би требало да се овековечи засекогаш. Сепак, тоа биле и годините на „Патувањето на Месечината/Le Voyage dans la Lune“ на Жорж Мелиес, првиот лет на браќата Рајт, зголемување на производство на автомобилите и возовите, поразот на Русија во војната од Јапонија и првата револуција, откривањето на Теоријата на релативност од страна на Ајнштајн, фотоелектричниот ефект и Брауновото движење; и „Госпоѓиците од Авињон“ на Пикасо.
Светот каков што бил, со други зборови, му отстапувал место на светот каков што би требало да биде. Таков е контекстот на собраните документарни снимки, како и колоризирани и зголемени - во видеото подолу. Започнувајќи на една фреквентна улица од работничката класа во Холинвуд, Англија, оваа турнеја продолжува на места како Шпанија, Индија, Кина, Њујорк, Јапонија, Бразил, Данска, Австрија и Германија.
Еден аспект од сите овие снимки што можат да го привлечат вниманието се сите форми на транспорт.
Тешко дека некој би предвидил дека по тој период би следувал подемот на комунизмот, нацизмот, американската империја и масовните радиодифузни медиуми што се реалност денес, а да не зборуваме и за двете светски војни.
Извор: openculture.com
Фото: YouTube screenshot