X
 30.11.2022 Култура

Излезе тизер за „Луди деведесетти“, продолжението на „Луди седумдесетти“

Подрумот на Форманови во Висконсин повторно е популарно место во новата серија на „Нетфликс“, „Луди деведесетти“ (That '90s show). Станува збор за продолжение на популарната серија „Луди седумдесетти“ (That '70s show).

„Нетфликс“ го објави првото промотивно видео за новата серија во која ќе се појават познати лица за обожавателите на „Луди седумдесетти“. Во новата серија ќе има и нова генерација тинејџери, меѓу кои и Леја Форман, ќерката на Ерик и Дона.

Новата серија ќе биде достапна на „Нетфликс“ на 19 јануари.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура