X
 15.01.2022 Култура

Серии што ги очекуваме во 2022 година

Минатата година беше одложено снимањето и прикажувањето на повеќе серии поради пандемијата, па затоа многу од овие одложени серии ќе бидат прикажани оваа година. Еве некои од најочекуваните.

„Еуфорија“ (англ. Euphoria)

По речиси две и пол години од завршувањето на првата сезона, оваа година доаѓа втората сезона на оваа серија. Серијата следи група средношколци, а главната улога ја има Зендаја.


„Како го запознав татко ти“ (англ. How I met your father)

„Како ја запознав мајка ти“ беше една од најуспешните серии на векот. Сега пристигнува нова верзија, „Како го запознав татко ти“, која ќе биде прикажана на „Хулу“. Главната улога ја има Хилари Даф.


„Господар на прстените“ (англ. The lord of the rings)

Годинава пристигнува и серија снимена по книгите на Џ. Р. Р. Толкин, според кои веќе е снимен филмот „Господар на прстените“. Настаните во серијата се сместени илјадници години пред оние опишани во книгите и филмот. Првата сезона е најавена за 2 септември.


„Почудни нешта“ (англ. Stranger things)

По речиси три години од прикажувањето на третата сезона, годинава ќе биде прикажана четвртата сезона од оваа серија.


„Оби-Ван Кеноби“ (англ. Obi-Wan Kenobi)

Обожавателите на филмовите „Војна на ѕвездите“ го очекуваат прикажувањето на мини-серијата од 6 епизоди за Оби-Ван Кеноби. Настаните во серијата се сместени 10 години по настаните од филмот „Војна на ѕвездите Епизода 3: Одмаздата на Сит“. Главната улога ја има Јуан Мекгрегор.


„Куќата на змејот“ (англ. House of dragon)

Обожавателите на „Игра на тронови“, исто така, очекуваат нешто интересно оваа година. Првата сезона од „Куќата на змејот“ е најавена за оваа година. Настаните се случуваат 200 години пред почетокот на настаните во популарната серија.


Извор: Makanje
Фото: YouTube (Printscreen)

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура