X
 31.01.2019 Технологија

Данска планира да изгради европска Силициумска долина

За оние што не се запознаени, данската влада гради девет вештачки острови наречени „Холмене“, во Балтичкото Море, во близина на брегот Хвидовир. Целта на данската влада е ова место да стане нов технолошки центар.

Крајбрежјето долго 11,6 километри ќе послужи за канцелариски градби и 70 хектари паркови. Проектот треба да биде завршен до 2040 година, а владата се надева дека оваа локација ќе привлече 380 компании.  Шефот на данската стопанска комора, Брајан Кикелсен, вели дека овој нов развој би можел да стане еден вид европска Силициумска долина.

За разлика од бизнисите што ги искористуваат ресурсите што придонесуваат за климатските промени, Данска се обложува на еко-пријателска иднина. Планира да ја изгради најголемата фабрика за отпад што треба да го претвори ѓубрето во доволно гориво за да се напојува 25 отсто од Копенхаген.

danska

Ова не е првиот обид на земјата да ги претвори индустриските региони во еколошки бизнис и станбени модели. „Копенхагенскиот модел“ бил започнат пред 30 години и е заслужен за трансформирање на градот од област со висока невработеност и опаѓачка индустрија во еден од најбогатите во светот.

Резултатите од овој институционален модел беа навистина трансформативни. Транзитен систем од светска класа. Илјадници станбени единици изградени за пазарни и социјални цели во согласност со енергетски ефикасни стандарди.

Но, проектот не е без пречки. Се стравува дека овој нов регион ќе биде само за богатите и ќе создаде услови за понатамошна нееднаквост. Почнувајќи од 2016, Копенхаген имал приближно 1 милион квадратни метри слободен канцелариски простор; граѓаните тврдат дека овој простор би можел да се искористи за нешто поефикасно. Тие нагласуваат дека новите станови веројатно нема да бидат продадени по пристапни цени за просечниот граѓани. Планираниот тунел што ќе служи како поврзување со островите може негативно да влијае врз моделите на локалниот сообраќај, јавниот транспорт и велосипедските ленти.

Технологијата го извлекува најдоброто и најлошото од нас. Апликациите и хардверот што го прават животот поудобен имаат тенденција да носат придобивки за сѐ помалку и помалку луѓе. Сепак, потребни се подобри урбанистички модели што не ја осиромашуваат околината од нејзините ограничени ресурси. Едно нешто што не недостига е естетиката. Архитектонските планови за „Холмене“ се неверојатни.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија