X
 07.12.2015 Образование

Какво образование имаат милијардерите?

Клубот на милијардери продолжува да се зголемува. Листата на милијардери за 2015 година на „Форбс“ вклучувала 1.826 имиња. Во 2014 година, имаше 1.645 милијардери во светот. Какво образование имаат овие милијардери?


Најбогатиот во светот, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, вреди 79,2 милијарди. Тој се откажал од „Харвард“ по две години студии.

Мексиканскиот инвеститор и извршен директор Карлос Слим Хелу е следен на листата со 77,1 милијарда долари. На возраст од 12 години, тој започнал да работи со татко си. Тој добил диплома за цивилно инженерство од национален универзитет во Мексико.

Ворен Бафет е легенда со 72,7 милијарди долари. Тој добил магистерска диплома по економија од „Колумбија“.

Амансио Ортега вреди 64,5 милијарди долари. Тој се откажал од образованието на возраст од 14 години за да му помага на семејството во работата.

Конечно, Лари Елисон вреди 54,3 милијарди долари. Тој се откажал од два факултети пред да се пресели во Калифорнија, да добие работа како програмер и да основа компанија.

Како што кажал Бафет, „најдоброто образование што може да го добиете е инвестицијата во себеси, но тоа секогаш не значи факултет или универзитет“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование