X
 20.04.2018 Образование

Натпревар во ораторство, УКЛО ТРИВИУМ по третпат

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на УКЛО по третпат организира натпревар во ораторство за студентите од сите единици на Универзитетот, на темата: Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21-от век!

uklo

Публиката ќе има можност да ги проследи ораторските и говорнички вештини на 15 студенти од неколку единици на УКЛО.

Натпреварот во ораторство, УКЛО ТРИВИУМ, претставува одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување и негување на стилската инвентивност.

УКЛО во насока на поуспешна презентација и унапредување на вештините на јавно говорење и култура на говорот организира соодветна работилница за подготовка на ораторите.

Настанот ќе се одржи на 24 април 2018 година, во 11 ч. во просториите на Ректоратот, зграда на поранешна Касарна.

Натпреварот во ораторство, УКЛО ТРИВИУМ, е дел од низата манифестации и активности по повод Денот на основањето на УКЛО, 25 април.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование