X
 01.03.2021 Образование

Одбележано формирањето на прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти на Технолошко-техничкиот факултет

На 23 февруари 2021 год. посета на Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ) во Велес остварија амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Н.Е. Сибил Зутер Техада, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, и раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, д-р Игор Андреев, со цел да се одбележи заокружувањето на активностите во проектот за формирање ПРЕХРАНБЕНО-ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ (ПТЦ).

ПТЦ е формиран преку Грантовата шема за иновативни проекти, а во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ (повик 2020 год.), поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка. Притоа, одговорното лице за проектот, проф. д-р Даниела Николовска-Неделкоска, на гостите им ја претстави новата софистицирана лабораториска опрема за анализа на прехранбени намирници набавена во рамките на проектот, со вкупен буџет од 2.169.000 денари.

укло

Во текот на посетата, гостите, деканот проф. д-р Татјана Калевска и претставници од бизнис-секторот дадоа изјави за медиумите во кои изразија задоволство од реализираните активности во проектот и очекувања формираниот Центар да прерасне во стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис-заедницата од прехранбениот сектор и академската институција, односно ТТФ, како единица при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ лоцирана во Велес. Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постојните производи и технологии. Услугите на Центарот ќе бидат достапни и за заинтересираните дипломирани и актуелни студенти на сите три циклуси студии, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и кариерен развој.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование