X
 01.05.2018 Технологија

„Фејсбук“ воведува функција која се чекаше долго време

Најпопуларната социјална мрежа на планетата, „Фејсбук“, воведе новина инспирирана од „Редит“ - интернет заедница каде популарноста на објавите функционира на принцип на гласање.

Настојувајќи да создаде добар имиџ во очите на корисниците, „Фејсбук“ воведе функција која го направи „Редит“ тоа што е, а тоа е состав на гласање, кој наместо лајк и дислајк на објавите и коментарите, има глас надолу и глас нагоре.

Пробниот полигон за новата функција се Соединетите Американски Држави, а од неодамна и Австралија и Нов Зеланд. Новата алатка се користи за јавни објави и коментари. Од „Фејсбук“ инсистираат дека не станува збор за „дислајк“, иако може да се донесе сосема спротивен заклучок.


Фото: Tportal

Со воведувањето на гласањето, „Фејсбук“ сака да ги поттикне корисниците да дадат негативна оцена кога ќе наидат на лош коментар. Како корисниците ќе го користат сето ова, ќе дознаеме наскоро. Всушност, ако идејата успеала на „Редит“, зошто не би успеала и на „Фејсбук“?
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија