X
 23.06.2015 Технологија

Зошто новата апликација на "Facebook" не е достапна за Европа?

Апликацијата „Moments“ користи технологија за препознавање лице и е најновата апликација на „Фејсбук“, но истата нема да биде достапна во Европа од безбедносни причини.


Апликацијата „Moments“ на „Фејсбук“ корисни специјална технологија за иденификација на лица и групни фотографии, но истата е забранета од страна на Европската унија поради недостаток на дозволи од корисниците. Од таа причина, компанијата одлучи да не ја пушти во овие земји.

Европската унија воведува сè повеќе правила за зголемување на приватноста и се разликува во однос на САД или Канада.

Порано неделава, долго очекуваните правила за лични податоци конечно започнаа да напредуваат во Европскиот парламент и можеби ќе претставуваат проблем за компании како „Google“, „Facebook“, „Dropbox“ и „Amazon“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија