X
 02.03.2023 Култура

Филмови за бизнис-светот што ќе ве заинтересираат

Доколку сте заинтересирани за светот на бизнисот, можеби веќе сте гледале некои филмови кои се занимаваат со оваа тематика. Во продолжение се неколку наслови кои мора да ги гледате доколку ве интересира овој свет.

„Основачот“

Станува збор за биографски филм за Реј Крок, кој успеал да го направи „Мекдоналдс“ она што е сега. Тешко е да се навива за него, но невозможно е да се остане рамнодушен на неговата приказна.


„Ви благодариме што пушите“ (Thank you for smoking)

Доколку сакате филмови за недопадливи главни ликови, тогаш ова е вистински избор за вас. Филмот е заснован на роман од Кристофер Бакли, а ја раскажува приказната за индустријата на тутунот и Ник Нејлор, несимпатичен застапник на оваа индустрија кој веројатно се наоѓа на погрешната страна.


„Арбитража“ (Arbitrage)

Овој трилер од 2012 година го следи Роберт Милер, богат бизнисмен кој го слави заминувањето во пензија кога му се случува пресврт во животот.


„Облог на векот“ (The big short)

Режисерот Адам Мекеј е познат по своите сатирични остварувања. Во неговиот опус совршено се вклопува и овој филм, кој се фокусира на економската криза од 2008 година следејќи група инвеститори кои успеваат да заработат од пазарот на недвижности.


„Неограничени скапоцености“ (Uncut gems)

Филмот од 2019 година покажа дека Адам Сендлер е многу повеќе од глумец за комедија и дека трговијата можеби е една од најопасните професии, особено доколку тргувате со дијаманти.


Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура