X
 02.03.2023 Наука

Научникот кој го предвиде земјотресот во Турција сега прогнозира нови земјотреси

Холандскиот истражувач и научник Френк Хугербитс, кој тврди дека го предвидел разорниот земјотрес во Турција и Сирија, сега вели дека нови земјотреси би можеле да ги погодат источниот дел од Русија и западниот дел на Тихиот Океан во март.

Како што вели во видео на „Јутјуб“, поради посебната положба на Земјата, Меркур и Сатурн, оваа недела на Земјата може да има мегаземјотрес со јачина од 8,5 или повеќе.

- Многу поизразена флуктуација повторно го карактеризира западниот Тихи Океан. Од Камчатка, Курилските Острови и Јапонија на север, преку Филипините, а исто така и преку Сулавеси, Халмахера, можеби дури и преку морето Банда, Индонезија. Тоа би можело да стане значајно на 3 или 4 март - вели Хугербитс.

Според него, може да се очекува силен или многу силен сеизмички настан. Руски експерти ги критикувале тврдењата на истражувачот.

За потсетување, Хугербитс на 3 февруари прогнозира дека може да се очекува силен земјотрес на границата помеѓу Турција и Сирија. Ваков земјотрес навистина го погоди регионот на 6 февруари.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука