X
 02.04.2019 Технологија

„Фејсбук“ го ограничува преносот во живо?

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ вети дека ќе ја разгледа можноста за ограничување на преносот во живо, по две недели откако оваа функција беше користена за време на терористичките напади во Нов Зеланд.

Оперативната директорка на оваа компанија, Шерил Сандберг, изјави дека се согласува со тоа дека мора да се направи многу повеќе за да се спречат таквите пропусти.

Таа истакна дека социјалната мрежа ќе ја заостри опцијата за пренос во живо.

50 лица беа убиени при пукањето во Крајстчрч и оригиналното видео од нападот беше прегледано 4.000 пати пред да биде отстрането.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија