X
 02.04.2019 Технологија

Трикови за „Фејсбук“ што можеби не ги знаете

Ви откриваме неколку несекојдневни трикови за најголемата социјална мрежа во светот што можат да бидат корисни или барем забавни. Користете ги паметно и одговорно.

Објавување на „Фејсбук“ преку СМС-порака

Ако поради која било причина сакате да објавите нешто на „Фејсбук“ без да ја инсталирате апликацијата или да го користите паметниот телефон, ова е трик за вас.

Логирајте се со вашиот профил на десктоп-компјутер, па отворете Settings и потоа Mobile, па кликнете Аdd a phone, доколку не сте го додале вашиот број на корисничкиот профил на „Фејсбук“.

1
Фото: Profimedia


Откако ќе го изберете вашиот оператор, треба да испратите СМС-порака со содржина „F“ на бројот на „Фејсбук“ 23665. Ќе добиете код за потврда што ќе треба да го ставите во полето што ќе се појави. Поради безбедносни причини, предлагаме да не ја вклучувате опцијата Share my phone number with my friends и Allow friends to text me from Facebook. Сега само треба да испратите СМС на бројот на „Фејсбук“ за да објавите нешто на вашиот профил. Притоа, можете да ги користите овие команди:

- „OTP“: „Фејсбук“ ќе ви испрати еднократна лозинка во случај да сте ја заборавиле онаа што ја користите.

- „START“: Ќе почнете да добивате известувања кога на „Фејсбук“ ќе се појави нешто ново.

- „STOP“: Исклучување на испраќањето известувања.

- „HELP“: Помош при користење СМС за „Фејсбук“.

Објавете празна објава


За ова ќе ви треба Alt код, со чија помош ќе можете да напишете посебни знаци и симболи какви што нема на стандардната тастатура. За празна објава потребен ви е Alt Код 0173. Отворете нова објава. Притиснете Аlt и држете го копчето додека пишувате 0173. Кликнете на Post.

Преземете колекција фотографии на вашите пријатели на „Фејсбук“


За ова ќе ви треба екстензијата „DownAlbum“ за веб-пребарувачот „Хром“. Кога ќе отворите нечиј албум на „Фејсбук“, кликнете на проширувањето и потоа на копчето Normal. Ќе се појави прозорец што ќе ве предупреди за преземање фотографии. По завршувањето ќе се отвори ново прозорче со сите преземени фотографии. Можете да ги преземете сите наеднаш или една по една.

Скријте го статусот од некои луѓе


Во вашиот кориснички профил отворете Settings, па Blocking. Во категоријата Block Users напишете го името на личноста во полето за текст. Оние луѓе што ќе ги внесете нема да можат да видат кога сте онлајн, ниту да ви испратат порака.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија