Подгревањето на вечерата во микробранова, туширањето со топла вода, замрзнувањето на остатоците од храната, гледањето серии се само некои активности за кои ни треба енергија за чија потрошувачка одлучуваме самите ние, а намалувањето на потрошувачката и на високите сметки е можно со неколку трикови.
Само треба да промените некои навики и да замените некои уреди за домаќинство за да добиете многу пониски
сметки.
1. Машината за перење троши 7,3 отсто од вкупната енергија на домаќинствата и за да заштедите, треба да ја пуштате кога е целосно полна и да ги користите програмите за перење на пониски температури бидејќи пералницата 80 проценти од енергијата ја троши на загревање на водата.
2. Машината за сушење троши 2,1 отсто од енергијата, и подобро машината за перење и машината за сушење да се користат посебно бидејќи и така се штеди. Центрифугата го скратува сушењето и на тој начин ја намалува и потрошувачката.
3. Бојлерот зафаќа 7,5 отсто од потрошувачката на енергија, а најмалку трошат кондензациските. Најдобро е температурата на водата да биде помеѓу 30 и 35 степени.
4. Фрижидерот троши најмногу енергија во домаќинството, дури 18,9 отсто. Не е препорачливо да ставите топла храна во фрижидерот бидејќи тоа ја зголемува температурата и би било добро храната да ја одмрзнувате внатре во фрижидерот за да ја искористите температурата на замрзната храна.
5. Микробрановата печка заштедува околу 60 отсто од енергијата во споредба со конвенционалната печка.
6. Шпоретот троши 9,3 отсто од вкупната енергија на домаќинството, а со индукциските плочи ќе заштедите околу 20 отсто повеќе од електричната плоча за готвење. Покрај тоа, готвењето со капак заштедува околу 25 отсто од енергијата.
7. Машината за миење садови троши 3,7 отсто од енергијата на домаќинството, а 90 проценти од енергијата таа ги троши за загревање на водата, па затоа се препорачува да се користи програмата со пониски температури. Исто така, потребно е редовно да се чистат филтрите и да се контролираат нивоата на сол во машината за миење садови.
8. Печката троши 5,1 отсто од енергијата на едно домаќинство. Наместо да ја отворате рерната секојпат кога ќе сакате да бидете сигурни дали оброкот е испечен, треба да ја користите светилката бидејќи секојпат кога ќе ја отворите рерната, се губат најмалку 20 отсто од веќе собраната енергија. Нема потреба да се загрева рерната пред печење кое трае повеќе од еден час, а се препорачува и исклучување пред крајот на готвењето, со цел искористување на постојната топлина.
9. Со греењето трошиме 7,4 отсто од енергијата. Се препорачува инсталирање на термостат за контрола на температурата кој треба да биде поставен помеѓу 20 и 22 степени, додека ноќната температура е доволна да биде помеѓу 15 и 17 степени. Добрата изолација на прозорците заштедува помеѓу 20 и 30 отсто при загревање.
10. Со гледање телевизија се трошат 7,5 отсто од енергијата од домаќинствата. LED екраните се најекономични и трошат 25 проценти помалку од LCD-екранот и 40 проценти помалку од плазмите. Кога не гледате телевизија, исклучете го телевизорот и не ставајте го во мирување затоа што и така трошите енергија.
11. За да ја зачувате потрошувачката на вода, инсталирајте перлатори, кои го регулираат притисокот на водата во системите за водоснабдување и заштедуваат околу 60 отсто од потрошувачката. Исто така, се препорачува туширање наместо капење, бидејќи 5-минутен туш ќе заштеди дури 75% од водата што се троши при капењето. Се разбира, сопрете ја водата додека миете раце, заби или се бричите.
12. Климите трошат во просек 2,3 отсто од вкупната годишна потрошувачка на домаќинствата, а идеалната температура е 26 степени бидејќи со намалувањето на температурата, домаќинството нема да се олади побрзо, туку само ќе се зголеми потрошувачката. За ладење од 9 до 15 квадратни метри, потребно е околу 1,5kW и за простор помеѓу 25 и 30 квадратни метри, потребни се 2,4 kW. Треба да ги одржувате филтрите чисти, да го проветрувате просторот наутро и да ги спуштите ролетните во текот на денот, така што сонцето нема непотребно да го загрева просторот.
13. Уредите како што се мобилните телефони и компјутерите се препорачува да не се полнат предолго и ако не планирате да го користите компјутерот во следните повеќе од 30 минути, се препорачува да го исклучите, или барем само мониторот (кој троши 4,6 отсто на енергија).
14. Светилките трошат 11,7 отсто од вкупната енергија што ја трошиме на годишно ниво, па затоа се препорачува да користиме што е можно повеќе природна светлина. Халогените светилки трошат многу, но траат долго. Флуоресцентните светилки трошат 80 отсто помалку и траат осум до десет пати повеќе, а подобро е да не се исклучуваат ако сте надвор од просторијата помалку од 20 минути. Иако штедливите светилки се поскапи, тие траат помеѓу 8.000 и 10.000 часа и им требаат помеѓу 20 до 25 отсто помалку енергија отколку на халогените, а LED светилките ја намалуваат потрошувачката за дури 90 отсто и траат шест пати подолго.