X
 02.06.2022 Образование

Проф. д-р Игор Неделковски е новиот ректор на УКЛО

Со тајно гласање, на УКЛО заврши изборот на ректор. Проф. д-р Игор Неделковски, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, е избран за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со мандат од три години, почнувајќи од 1 октомври 2022 година.


Проф. д-р Игор Неделковски

Изборот на ректор на УКЛО се одвиваше на непосредни, тајни и слободни избори од петмина утврдени кандидати според азбучен ред на презимето:

1. Данчевска д-р Верица, редовен професор
2. Димовски д-р Злате, редовен професор
3. Кекеновски д-р Јове, редовен професор
4. Кочоски д-р Љупче, редовен професор
5. Неделковски д-р Игор, редовен професор

Изборот на ректор е реализиран во согласност со Законот за високото образование, Статутот на УКЛО, Роковникот на активности и Упатството за постапката за избор на ректор.

Своето право на глас го искористија 270 од вкупно 280 членови на наставно – научните, наставничкиот и научниот совет на единиците на УКЛО во кои има 21 претставник од студентите.

Во согласност со усвоената процедура на гласање и сумирањето на освоените гласови, Универзитетската изборна комисија прелиминарно констатира дека избраниот кандидат за ректор, проф. д-р Игор Неделковски освои 157 гласа, односно 11,046 поени, наспроти неговите противкандидати: проф. д-р Верица Данчевска со 21 глас или 1,233 поени, проф. д-р Злате Димовски со 26 гласови или 1,912 поени, проф. д-р Јове Кекеновски со 32 гласа или 2,316 поени и проф. д-р Љупче Кочоски кој освои 21 глас или 1,493 поени.

Доколку во предвидениот рок од три дена не бидат поднесени приговори од другите кандидати, конечните резултати УИК ќе ги објави на 7 јуни 2022 година.

Фото: ФИКТ, УКЛО

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование