Најновите трејлери за оваа недела.
„Ant-man and the Wasp“
„Марвел“ го објави првиот трејлер за второто продолжение на „Ant-Man“. Се чини како овој нов филм да ги има истите елементи од првиот филм што му донесоа голем успех - елементи на комедија и интересна акција.
„Mute“
По неколку години работење на фантазија, Данкан Џонс се враќа со научнофантастичниот филм „Mute“, кој ја раскажува приказната за човек што е нем и бара исчезната жена.
„Unsane“
Стивен Содерберг, кој се пензионира од режирањето филмови пред пет години, се враќа со уште еден филм - овој пат филмот е снимен само со ајфон.
„Castle Rock“
„
„Хулу“ го претстави новиот трејлер за „Castle Rock“, што и не кажува баш многу за оваа американска психолошка ТВ-серија.
„On my block“
Серија на „Нетфликс“ за четири паметни пријатели и како тие се снаоѓаат во животот.
Кратки филмови номинирани за „Оскар“ 2018
Секако, во овие филмови има и лоши, меѓутоа повеќето се вредни за гледање.
„Hereditary“
Уште еден морничав хорор-филм од „А24“. Досега сите
филмски критики се покажаа како позитивни.