X
 02.12.2025 Живот

Пристигнува продолжение на серијата „Игра на троновите“: Арја Старк, Џон Сноу или сосема нова приказна?

Серијата „Игра на троновите“ би можела да добие повеќе продолженија. Џорџ Р. Р. Мартин потврди дека „Ејч-би-о макс“ работи на нови проекти по „Игра на троновите“, вклучувајќи продолженија и серии-претпродолженија. Покрај веќе познатите серии „Куќа на змејот“ и „Витез на седумте кралства“, се разгледуваат и потенцијални продолженија за Арја Старк или Џон Сноу, како и сосема нови приказни од Вестерос.

Нови проекти по оригиналната серија

На фестивалот „Ајсланд ноир“, Џорџ Р. Р. Мартин откри дека Ејч-би-о развива пет или шест спиноф-проекти. Првпат е потврдено дека се работи и на продолженија по завршетокот на осмата сезона. Ова претставува голем пресврт бидејќи во последните години преовладуваа проекти кои се занимаваа со минатото на Вестерос.

Можни правци на приказната

Најмногу се шпекулира за продолжение кое би ја следело Арја Старк. Откако во финалето на серијата отплови западно од Вестерос, нејзиниот пат остана целосно отворен за нови авантури. Мејси Вилијамс претходно изјави дека би се вратила на улогата ако приказната има смисла.

Друга опција е серија сместена во периодот на владеење на кралот Брен Старк, преку перспективата на нови ликови, но со можни појавувања на оригиналните ликови, со оглед на огромното културно влијание што го оставија.

Проекти што веќе се потврдени


Ејч-би-о паралелно продолжува со развој на други серии:

„Куќа на змејот“ - третата сезона ќе дојде летово, 2026 година
„Витез на седумте кралства“ - премиера на 18 август.

Во различни фази на развој се и следните проекти:

„Нимерија и 10.000 брода“
„Морската змија“ (за Корлис Веларион)
„Егон Освојувачот“ (серии и потенцијален филм)

Проекти чие дејство се одвива во Бравос и Фли Ботом
„Џон Сноу“ - Дали продолжението сепак е возможно?

Долго време се сметаше дека најверојатен би бил спиноф за Џон Сноу. Според пишувањата, Кит Харингтон веќе бил поврзан со проектот. Иако серијата подоцна беше стопирана, новите изјави на Мартин оставаат простор приказната да продолжи со ликот на Џон или приказна чие дејство е по „Игра на троновите“.

Прашања што ги остави осмата сезона


Потенцијалното продолжение би можело да се занимава со отворените прашања што ги остави оригиналната серија:

Џон Сноу: Живот северно од Ѕидот
Санса Старк: Владеење на Северот
Арја Старк: Патување во непознати земји
Брен Старк: Првите години на владеење
Политички тензии низ Седумте кралства

Што точно потврди Мартин?


Мартин потврди дека со тимовите на писатели работи на пет или шест проекти. Не откри кои ќе бидат продолженијата, ниту дали ќе се вратат омилените ликови.

Иднината на Вестерос на Ејч-би-о


Едно е сигурно: враќањето во Вестерос нема да застане наскоро. Со „Куќа на змејот“ и „Витез на седумте кралства“, Ејч-би-о развива нови приказни кои или ќе ја прошируваат оригиналната сага или ќе тргнат по сосема нов пат. Обожавателите сега чекаат официјални најави за да дознаат кој проект ќе го гледаат следно.

Извор: bizlife.rs 
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот