X
 03.03.2019 Технологија

„Месинџерот“ со нова опција за поинаков изглед

„Месинџер“ на „Фејсбук“ е една од најпопуларните апликации за допишување.

И покрај големата инфраструктура и ресурси кои ги има „Фејсбук“, на компанијата ѝ беше потребно одредено време да имплементира многу барани функции. Темната верзија на „Месинџерот“ е една од тие функции која постојано привлекуваше внимание, но не беше воведена.

Сѐ досега.

Сѐ што треба да направите е да го испратите емотиконот со полумесечина (🌙) на кој било пријател, да излезете и повторно да влезете во апликацијата. Потоа притиснете на полумесечината и на врвот од разговорот ќе ви се појави известување дека можете да ја активирате темната верзија во поставките (Turn on in Settings). Потоа треба само да ја активирате темната верзија (dark mode).

Доколку не ви успева, обидете се откако ќе ја апдејтирате апликацијата.

Фото: XDA Developers

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија