X
 24.02.2015 Технологија

Апликација за наоѓање стипендии за студирање


Кристофер Греј ги добил своите стипендии на стариот начин, без апликација за стипендии. Тој успеал да собере вкупно 1,6 милиони долари во стипендии за да студира на универзитетот „Дрексел“. Кога сфатил дека има толку достапни стипендии, од кои многу не се користат бидејќи луѓето не знаат за нив, тој се решил да преземе нешто. Ја создал апликацијата „Сколи“ (оригинал „Scholly“).

Греј и неговиот тим направиле огромна база на податоци од достапни стипендии. Се' што треба да направат студентите е да ја преземат апликацијата, која чини 99 центи, и да ги внесат своите индивидуални критериуми и барања.

Апликацијата ги наоѓа соодветните стипендии според информациите внесени од студентите и им помага на студентите во процесот на аплицирање. Апликацијата е достапна на повеќе странски јазици.

Преземете ја ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија