X
 03.09.2019 Технологија

Норвешка ја претстави првата енергетско-позитивна зграда, покажувајќи потенцијал за паметен град

Норвешка ја претстави новата зграда за која се надева дека ќе предизвика поголема динамика за паметно градско движење, дизајнирано да ги забави климатските промени.

Зградата наречена „Браторкаја“ е најновата и најголема енергетско-позитивна зграда во Норвешка, која се наоѓа во градот Трондхајм, кој веќе е признат како еден од најнапредните технолошки градови во Норвешка. Во текот на нејзиното постоење зградата ќе генерира повеќе електрична енергија отколку што ќе троши.

Ова се смета за чекор во борбата против глобалното затоплување. Во извештајот на Обединетите нации за 2018 година се проценува дека изградбата и работењето на зградите опфаќаат 36 отсто од глобалната употреба на финална енергија и речиси 40 отсто од емисиите на јаглероден диоксид во 2017 година.

zgrada

Многу научници долго време се залагаа за идејата дека интернетот на нештата, воден од поголема поврзаност и сеприсутност на сензорите, има потенцијал да ги трансформира градовите со тоа што ќе ги направи далеку поефикасни. Но, потенцијалот честопати се покажал како неостварлив.

Поддржувачите на овој концепт се надеваат дека ќе ги променат работите. Новата зграда е резултат на соработката помеѓу компанијата за недвижности „Ентра“, градежната компанија „Сканска“, еколошката организација ЗЕРО, архитекти од „Снохета“ и консултантската компанија „Асплан Виак“. Групата има создадено четири помали проекти користејќи го токму овој концепт. Но, новата зграда е најголем проект.

Вниманието на еколошкиот дизајн почнува со избирање и следење на создавањето на градежните материјали. Екстериерот на зградата е полн со соларни панели, вклучувајќи го и покривот што се наоѓа на југ, за максимална изложеност. Специјалниот бетон помага во регулирањето на температурата, а подовите и канцелариите се дизајнирани за ефикасно да циркулираат топлиот и студениот воздух. Зградата се наоѓа покрај вода, а морската вода ќе се користи и за ладење на зградата.

Во текот на годините што доаѓаат зградата ќе генерира повеќе електрична енергија отколку што ќе користи. Дел од концептот е да се направи тој вишок енергија да биде достапен за корисниците во близина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија