X
 04.10.2025 Забава

„Нелогична“ математичка загатка. Дали сте меѓу ретките што можат да ја решат?

Нова загатка што кружи по социјалните мрежи е доказ дека математиката може да биде и забавна ако ја претставиме на малку поинаков начин.

Ако ја погледнете фотографијата, ќе забележите дека пресметките изгледаат „нелогични“ и дека се спротивни на правилата на собирањето:

2 + 3 = 35
3 + 4 = 47
4 + 1 = 15

Поради тоа, на прв поглед се чини дека е невозможно да се реши последната пресметка (2 + 5 = ?).

Сепак, ако на задачата ѝ посветите малку време, ако ги споредите и анализирате бројките, можеби ќе сфатите дека во загатката се крие одреден образец или логика.

Кое е решението?


Се надеваме дека успеавте сами да го најдете. Ако ви беше премногу тешко, ви нудиме објаснување.

Збирот на десната страна од равенката се состои од две бројки: левата бројка се повторува и е иста како десниот додаток (појаснето со црвен правоаголник), а десната бројка го претставува збирот од левата страна (појаснето со синиот правоаголник).

zadaca

Сега веројатно пресметавте дека решението за 2 + 5 = ? е бројот 57, дури и ако не сте ги погледнале коментари­те.

Извор: n1.info.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава