X
 05.01.2017 Живот

Ова се ефектите ако направите пауза од Фејсбук

„Фејсбук“ прави да се чувствуваме мизерно, па така доколку планирате да се чувствувате позадоволни во 2017 година, може е време да се одјавите од најпопуларната социјална мрежа во светот. Се покажа дека земањето на пауза од „Фејсбук“ има позитивни ефекти врз двете димензии на благосостојба: животната сатисфакција се зголемува и нашите чувства стануваат попозитивни.

Исто така, се покажа дека овие ефекти биле значително поголеми за „тешките“ корисници на „Фејсбук“, за пасивните корисници и корисниците кои имале тенденција на завист кон пријателите. Ова е во согласност со експеримент за „Фејсбук“со наслов: „Откажувањето од „Фејсбук“ води до повисоки нивоа на благосостојба“.

Таа се базира на студијата во Данска на крајот од 2015 година, спроведена од страна на Институтот за истражување на среќа, при што половина од учесниците престанале со користење една недела. Студијата покажа причински доказ дека употребата на „Фејсбук“ може негативно да влијае на нашето здравје.

Дали се чувствувате љубоморни?


Големиот проблем со користењето на „Фесјбук“ е тоа дека нуди бескрајни можности за социјална споредба. Излегува дека гледањето на безброј егзотични фотографии од одмор и читање за постигнувањата во кариерата на вашите пријатели и познаници може да направи да се чувствувате полошо за вашата моментална состојба.

Социјалната теорија за споредување вели дека ние ја утврдуваме нашата сопствена општествена и лична вредност врз основа на тоа колку сме заглавени во мислењето за другите. Како резултат на тоа, ние постојано правиме проценки за себе и другите преку различни области (на пример: атрактивност, богатство, интелигенција и успех).

Данската студија покажа дека неделата без „Фесјбук“ обезбедил најголема корист за три вида на корисници:

-Тешки корисници на „Фејсбук“;
-Луѓето кои пасивно користат „Фејсбук“ (само листаат новости наместо намерна употреба)
-Корисници склони кон завист


„Ако некој е тежок корисник на оваа социјална мрежа, таа личност треба да ја користи помалку за да ја зголеми благосостојбата. И ако некој има тенденција да чувствува завист, треба да избегнува прелистување на делови (или специфични пријатели) што му предизвикуваат завист. А ако некој го користи „Фејсбук“ пасивно, треба да се намали овој вид на однесување.

fejsbuk
Фото: Freepik

50 минути

Просечнен Американец поминува околу 50 минути дневно на „Фејсбук“. Тоа е значителен износ на време. Според статистиките на Бирото за труд, просечен човек троши 4 минути дневно за социјални настани, 17 минути за вежбање и 19 минути за читање.

Што нѐ мотивира да користиме „Фејсбук“?


Во 2011 година, два психолози од Бостон сакаа да истражуваат што е она што ги мотивира луѓето да користат „Фејсбук“. Тие откриле дека користењето е мотивирано од две основни потреби: (1) потребата за припаѓање и (2) потребата за само-презентација. Демографските и културните фактори придонесуваат за потребата да се припаѓа, додека невротичноста, нарцисоидноста, срамежливоста, самодовербата и самопочита придонесуваат за потребата за само-презентација.

Иако постојат јасни основни желби (припадност, афирмација) да се биде мотивиран во користењето изгледа нелогично ако корисниците кои се чувствуваат полошо со користењето на „Фејсбук“ продолжуваат да се најавуваат. Што се случува?

Прогноза за грешка

„Афективно предвидување“ е термин за предвидување на тоа како ние ќе се чувствуваме во иднина, што е многу важно за нашата фејсбук-употреба. Добро е чувството да се поврзете со пријателите и „Фејсбук“ го нуди тоа. Проблемот е што откако ќе поминеме низ портата, ние помалку се поврзуваме и повеќе се стремиме кон социјални споредби.

Новата резолуција за 2017 година е за нов почеток, стремење кон чувствување подобро и да се биде попродиктивен. Ако сте тип на личност што се наоѓа заглавен во ситуација на социјални споредби 2017 година можеби е година кога треба да се одјавите од „Фејсбук“.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот