X
 05.03.2020 Образование

„Студентките не се виновни!“ – марш на 8 март

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ со марш ќе го одбележи празникот на жената 8 Март и ќе им даде поддршка на студентките. Маршот ќе се одржи в недела во 11.30 часот пред Ректоратот, па до Плоштадот Карпошово востание, каде студентите ќе се придружат на официјалниот осмомартовски марш.

Сакаме да ја прославиме борбата за женските права со продолжувањето на истата, велат студентите.

- В очи празникот, секој од нас може да се праша „Kолку е, всушност, среќен овој 8-ми? Сведоци сме на секојдневното буткање на жените на маргините на нашето општество, во здравството, на работното место и, пред сè, во образовниот систем. Неретко студентките при нашиот универзитет се среќаваат со дофрлување, понижување и вознемирување од највисок степен. Не можеме да бараме целосно вклучување на жената во општеството како рамноправна, како човек, ако образовниот процес постојано ѝ се загрозува уште од основното, па сѐ до високото образование – велат од Студентското собрание.

Тие додаваат:
- Време е да застанеме заедно и да се спротивставиме на сите оние кои си дозволиле да ги поминат границите на својот авторитет, време е да се спротивставиме на сите кои сметаат дека жените стојат на располагање за чисто естетски причини и на сите кои сметаат дека не сме во позиција да кажеме „НЕ“. Време е да им подадеме рака на колешките, да им се придружиме во борбата и да им помогнеме да им се чуе гласот.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование